понеделник, 21 октомври 2024
Изјава на министерот за транспорт и врски

Бочварски: Железничкиот мост кај Стоби е во очајна состојба, или нов или 60 дена санација

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска рече дека очекува железничкиот мост на Црна Река во близината на Стоби да биде саниран за 60 дена, но не ја исклучи и можноста од изградба на нов, траен мост. Увидот покажал, нагласи Бочварски, дека темелот е во очајна состојба. 

Објавено на

часот

Сподели

„Она што го добив како информација по увидот, е дека темелот е во многу очајна и лоша состојба и таму ќе биде потребна поголема и потемелна санација што ќе ја утврди проектантот и секако, Градежниот факултет, со цел да влеземе веднаш во постапка и очекувам дека во наредните 60 дена ќе се изврши санација, а доколку има можност и реализација на комплетно нов мост што ќе биде траен, за да не ни се случуваат вакви пункнатин во една од главните транзитни точки на Коридорот 10“, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања по увидот во реконструкцијата на улицата Леце Котески.

Тој рече дека се очекуваат анализите од експертите и стручните лица за потоа министерството и  Владата, а секако и Македонски железници да донесат заедничка одлука во кој правец да се донесе одлука и да се врати сообраќајот во нормала и во движење.

Инаку, поради оштетениот мост железничкиот товарен превоз е во целосен прекин, додека патничкиот на релацијата Скопје – Гевгелија се одвива со воз до Градско, каде патниците се преземаат со автобус до железничката станица Криволак, а оттаму се влегува во друга возна композиција.

Македонски железници се подолг период во целосен колапс. Само заради илустрација, од Скопје за Битола од неодамна сообраќа само еден воз, но веќе 10 дена, само поради една расипана локомотива, нема патнички воз до Битола и обратно, до Скопје. 

Меѓународен линија одамна нема Македонија, а низ Македонија не возат меѓународните возови од Грција кон европските земји. 

Дека Железницата е во неспособна состојба признава министерот Бочварски.

„Претприајтието Македонски железници – Транспорт не ја врши работата што ја очекуваат граѓаните од него. Поради тоа, во Собранието е законот за либерализација на превозот, на железничкиот сообраќај и очекувам по неговото изгласување, веќе од почетокот на наредната година да ги отвориме вратите на други оператори од регионот кои сакаат да оперираат по македонските железнички пруги“, рече Бочварски..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ