петок, 18 октомври 2024
Министерот за транспорт по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Бочварски потврди: Не од денеска, од вчера течат роковите кон Бехтел и Енка, ама не бараат пари

Објавено на

часот

Сподели

„До денеска нема уплатени средства кон компанијата, првата исплатена сума би била авансот за отпочнување на градежните работи и секој исплатен денар што ќе биде од страна на Владата кон Јавното претпријатие за патишта, а оттаму кон изведувачот, ќе биде објавено на сајтот Јавни финансии“, рече Бочварски во врска со тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека веќе од денеска државата ќе треба на компанијата да ѝ плаќа по 2 милиони евра дневен пенал.

Оддговарајќи на новинарски прашања на Меѓународниот aеродром Скопје, каде денеска слета првиот авион на Луфтханза од Франкфурт, министерот нагласи дека не се уплатени ниту пари за аванс и направи разлика во тоа што прецизира договорот.

„Како и што веќе најавивме, 22 април е старт на реализација на договорот, каде изведувачот почнува со изработка на проекти, на урбанистички и на основни проекти со цел да започне и постапка на експропијација на земјиштето кое е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постојната состојба на трасата, да се види каде има подземни, надземни инсталиции, кои можеби ќе треба да бидат дислоцирани во текот на самата градба. Да се утврди постапката на геотехнички и геомеханички истражувања. Заради тоа чекор по чекор сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите навремено, брзо и ефикасно и тоа е во интерес на граѓаните“, рече Бочварски.

И во врска со тврдењето на Мицкоски дека Владата ќе гради без добиени дозволи и одобренија, министерот одговора дека е тоа делумно точно, но дека во од ќе се решаваат работите и ќе има ревизија, бидејќи според него, не е можно за секое парче земја автопатот да се чека на одобренија“.

„Станува збор за нова постапка и нов систем на градење каде што прво се оди на утврдување и одобрување на урбанистичкиот проект за движењето на трасата, а потоа се започнува постапка за експропријација на земјиште. Бидејќи овој проект предвидува бавно градење и проектирање на одделни делници, тоа значи дека не може државата на пример, десет пати да издава одобренија за една делница. Токму поради тоа, ќе има ревизија за да се запази процедурата“, рече Бочварски.

Кога ќе започнат градежните активности, министерот денеска немаше одговор на ова новинарско прашање. Вчера министерството со кое раководи издаде соопштение во кое беше најавено дека од вчера започнале „подготвителните активности“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ