петок, 21 февруари 2025

Бобан не штедеше критики кон Тео Ернандез

Милан синоќа доживеа елиминација од Лигата на шампионите откако одигра 1-1 со Феенорд, а виновникот за тоа е Тео Ернандез кој доби црвен картон.

Објавено на

часот

Сподели

Милан имаше водство од 1-0 и тотална контрола на играта, се обидуваше да ја зголеми предноста, но тогаш Ернандез доби втор жолт картон поради глумење пенал. По тој момент работите се сменија, Феенорд воспостави рамнотежа, даде гол и на крајот се радуваше. Дури и првиот жолт картон на францускиот бек беше глупост, па легендарниот Звонимир Бобан не се воздржа да го искритикува.

Хрватот го впери прстот и во клубот бидејќи не го научиле Ернандез да се однесува бидејќи ова не му е првпат.

„Тео Ернандез ова го прави со години и заслужи ваква казна. Шокиран сум што никој во клубот не му кажува што треба да прави, никој не го поправи неговото однесување на теренот. Вториот жолт картон што го доби е апсурд. Тоа не непристоен и неспортски потег, не може да правите такви работи на теренот“, вели Бобан.

„Од почетокот на сезоната гледаме Тео кој не е ни блиску до играчот кој сите го знаеме. Едноставно е неактивен, изгледа како да не сака ниту да се обиде да направи нешто“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ