Илиоски со убедливи 3-0 го победи Алкишиев и обезбеди место во големото финале на Светското првенство во кик-бокс, во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу-кик.
Со пласманот во финалето Македонецот обезбеди најмалку сребро, а ќе се обиде да дојде и до златото.
„Бобан во сите три рунди водеше со истиот резултат 3:0. Борецот од Азербејџан во претходните борби кои ги имаше беше анализиран од наша страна и изготвивме тактика која Боби ја реализираше во целост. Со оваа борба обезбедивме сребро за Македонија. Утре-задутре одиме по златото во финалето, по кое и сме дојдени, противникот е Уришбоев Нурбек од Азербејџан“, изјави тренерот на Бобан Илиевски и претседател на кик-боксерската федерација, Дејан Митровски – Урко.