сабота, 30 ноември 2024

БМВ го претстави најмоќниот и најгрд модел во историјата – ХМ лејбл ред со 748 коњски сили (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лејбл ред верзијата има 748 коњски сили и вртежен момент од 1.000 њутнметри, што е максимумот кој е достапен за најмоќниот сериски модел на БМВ во историјата. Производството почнува во август оваа година, што значи дека првите примероци ќе стигнат на патиштата прилично брзо. Сите што се плашеа дека лејбл ред ќе биде целосно електричен сега можат да здивнат. Главниот дел од погонот е V8 со максимални 585 коњски сили, а електромоторот ги додава останатите до спомнатите 748 КС.

Разликата во вртежниот момент е уште повпечатлива во споредба со „обичниот“ ХМ. Има дури 200 њутнметри повеќе, па на возачот му се достапни максимални 1.000 њутнметри додека моторот се врти на 5.600 вртежи во минута. Само електромоторот може да произведе до 197 коњски сили и 280 њутнметри.

Нормално, М одделот не ја зголемил само силата, туку направил и бројни други модификации за супер кросоверот на БМВ, вклучувајќи посилно коленесто вратило и модификации на осумбрзинскиот менувач. Притоа, акцентот е ставен на брзината на достапноста на силата.

Максималната брзина е ограничена на 250 км/ч, а со опцискиот М драјверс пакет се зголемува на 290 км/ч. Од 0 до 100 км/ч стигнува за 3,8 секунди. Официјалните податоци за потрошувачката на гориво се 1,7 литри бензин на 100 километри и дури 34,5 киловат часови струја на 100 километри.

Затоа не треба да чуди тоа што батеријата е со ист капацитет како и помал целосно електричен автомобил – 25,7 киловат часови. Полнењето од 0 до 100 отсто трае 4,25 часа.

Кога станува збор за дизајнот, можеме само да кажеме дека не ве остава рамнодушен, како и секој ХМ. Оваа верзија е дури естетски понепријатна, бидејќи оди во крајности, а покрај специјалната металик боја има и црвени детали. Внатрешноста е направена по истиот рецепт.

Супер кросоверот на БМВ чини 203.000 евра. А наскоро ќе биде распродаден затоа што БМВ ќе произведе само 500 примероци.

XM

XM

XM

XM

XM

XM

XM

XM

XM

XM

XM

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ