Во интервју за Блумберг во средата, Зеленски вели дека сака да постигне Трамп да се обврзе дека ќе ја брани Украина пред да седнат со Русија на преговарачка маса.
„Единственото прашање е какви ќе бидат безбедносните гаранции и искрено сакам да имаме разбирање пред разговорите. Ако тој може да ја гарантира оваа силна и неповратна безбедност за Украина, ние ќе тргнеме по овој дипломатски пат“, рече тој.
Зеленски во есента 2022 година потпиша указ со кој се забрануваат од какви било преговори со Путин, откако Русија ги припои окупираните украински области Доњецк и Луганск, заедно со Херсон и Запорожје. Украинскиот министер за надворешни работи Андреј Сибига месецов рече дека законот останува во сила.
Минатата година Путин рече дека ќе може да преговара со Зеленски само ако тој одржи избори и победи на нив.