сабота, 19 октомври 2024

Блиска средба на американски системи за наведување и руски борбени авиони во Сирија

Објавено на

часот

Сподели

Одбранбените системи на руските авиони проработиле автоматски, додаде тој и прецизираше дека „нападот“ се случил на 1 август во периодот од 2:13 до 2:20 часот по полноќ.

„Четири руски авиони за време на планиран лет во областа Ал Танф забележале напад врз нив со системи за наведување, поради што автоматски проработил одбранбениот систем на авионите“, објасни Куљит. Истите авиони нешто подоцна биле подложени на радарски напади на два американски ловци Ф-35, додаде тој.

Според него, со ваквите акции коалицијата предводена од САД продолжува да создава предуслови за воздухопловни инциденти и ја заострува ситуацијата во воздушниот простор на Сирија.

Куљит додаде дека ловци и дронови на проамериканската антитерористичка коалиција во текот на минатиот ден дури 16 пати го нарушиле воздушниот простор на Сирија во регионот на Ал Танф, каде што минуваат меѓународни воздухопловни патишта, со што, според него, продолжиле да создаваат опасни ситуации на сириското небо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ