понеделник, 21 октомври 2024

Блинкен: САД се против повторна окупација на Газа по конфликтот

Соединетите Американски Држави се против протерувањето на Палестинците од Појасот Газа и исто така се против повторна окупација на територијата, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен, говорејќи на крајот од состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во Токио, ја истакна позицијата на Вашингтон за тоа кои услови се потребни за да се стави крај на конфликтот во Газа.

„Не треба да се користи Газа како платформа за тероризам или други насилни напади“, рече тој. „Нема повторна окупација на Газа по завршувањето на конфликтот, нема обид за блокада или опсада на Газа, нема намалување на територијата на Газа“, додаде тој.

Сепак, тој не повика на итен прекин на огнот, како што направија многу други, нагласувајќи дека оние кои повикуваат на прекин на огнот сега имаат должност да објаснат како да се справат со судбината на заложниците и декларираната намера на Хамас да го повтори нападот од 7 октомври.

Масакрот на Хамас врз израелските цивили на 7 октомври предизвика неколкунеделно израелско бомбардирање на палестинска територија и копнена офанзива што е во тек.

Израел постојано повторува дека статусот на Газа, со кој управува Хамас од 2007 година, нема да се врати во состојбата во која беше пред терористичките напади на 7 октомври. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе ја задржи одговорноста за безбедноста на палестинската територија „на неодредено време“.

Блинкен рече дека САД се согласиле дека нема враќање во времето пред нападот на Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ