сабота, 19 октомври 2024

Блинкен разговараше со соборениот претседател на Нигер

Објавено на

часот

Сподели

„САД остануваат посветени на враќање на демократски избраната влада, во согласност со ставот на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС), Африканската унија и меѓународните партнери“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Блинкен истакна дека најважна е безбедноста на Базум и неговото семејство, додавајќи дека САД се посветени на изнаоѓање мирно решение кое ќе обезбеди Нигер да остане силен партнер во регионот.

Воените офицери на Нигер минатата недела го прогласија шефот на претседателската гарда Абдураман Тијани за нов шеф на државата, додавајќи дека го суспендирале уставот и ги распуштиле сите поранешни институции, откако претходно го соборија и затворија претседателот Мохамед Базум во неговата палата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ