четврток, 6 февруари 2025

Блек Сабат повторно се обединува по 20 години

Ози Озборн и Блек Сабат повторно се соединуваат за последен пат, за да одржат концерт за собирање средства во Бирмингем на 5 јули.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Пионерите на хеви металот ќе го предводат спектакуларниот еднодневен фестивал во Вила Парк, на кој ќе настапат десетици бендови што тие ги инспирирале, вклучувајќи ги Металика, Пантера, Слејер, Алис ин Чејнс и Антракс.

Концертот ќе го одбележи првиот оригинален состав на Блек Сабат- Ози Озборн, Тони Ајоми, Гизер Батлер и Бил Вард

Тие се пионери на хеви метал од раните 1970-ти, познати по нивните хитови Вор пигс (Var Pigs), Параноид (Paranoid) и Ајрон мен(Iron Man).

Од нивното последно заедничко шоу во 2005 година, Блек Сабат свиреа неколку пати во различни состави, но никогаш со оригиналниот состав.

Приходите од концертот „Враќање кон почетокот“ ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Озборн, кој беше принуден да ја прекине турнејата поради комбинација од Паркинсонова болест и повреди на ‘рбетот, ќе свири краток соло сет пред да им се придружи на своите колеги од бендот.

Гитаристот на Рејџ агенст д машин (Rage Against The Machine), Том Морело, кој ја извршува функцијата музички директор на настанот, изјави дека тоа ќе биде „најголемото хеви метал шоу досега“.

Приходите од шоуто ќе ги поддржат лекувањето на Паркинсоновата болест, Детската болница во Бирмингем и Детската болница Акорн, поддржан од Астон Вила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ