вторник, 22 октомври 2024

Благодарност на Муцунски до Сијарто, Унгарија ни испрати теренски возила и воздухоплови

Унгарија за справување со пожарите на Македонија ѝ испрати три теренски возила и воздухоплови. По тој повод, денеска македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски во телефонски разговор на неговиот колега од Унгарија Петер Сијарто му упати благодарност од македонскиот народ укажувајќи дека оваа помош е од големи значење.

Објавено на

часот

Сподели

„Изразив голема благодарност за солидарноста и ја нагласив важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти. Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии“, напиша на својот фејсбук-профил министерот Муцунски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ