понеделник, 20 јануари 2025

Бизнис заедницата бара запирање на предлог-законот за данок на солидарност

Објавено на

часот

Сподели

Стопанската комора ги застапува компаниите кои создаваат половина од вкупниот приход во приватниот сектор, компании кои генерираат речиси половина од нето добивката во приватниот сектор и компании кои вработуваат повеќе од една третина од вработените во приватниот сектор. Од комората уште еднаш ги афирмираат забелешките во однос на предлог-законот за данок на солидарност:

1. Селективен пристап затоа што се опфатени само поголемите компании  кои остваруваат приход поголем од 615.000.000 денари;

2. Се врши оданочување на добивката што ја оствариле компаниите, независно дали истата е резултат на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или е резултат на нивното работење, односно резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари;

3. Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски ориентирани, односно во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години;

4. Ефектот кој се очекува од примената на истиот во смисла на обезбедување на  дополнителни средства во државниот буџет, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот;

5. Ваков данок, кој се носи ад хок, во втората половина на деловната година создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори.           

Во таа насока Клуб 100, како најрепрезентативно тело на раководење во Стопанската комора, ја повикува Владата на РС Македонија да го повлече предлог на законот за данок на солидарност и со тоа да покаже сериозен однос кон укажувањето на најголемата и најбројна бизнис асоцијација во државата. Исто така, сакаме да напоменеме дека е јасна намерата на Владата на РС Македонија дека овој закон сака да го протне со европско знаме, кој ќе нанесе поголема штета отколку добро, се вели во реакцијата на Стопанската комора.

к

 у

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ