понеделник, 21 октомври 2024

Бивш американски разузнавач: НАТО почнува да сфаќа дека не може да ја победи Русија

Северноатлантската алијанса нема да може да издржи воена конфронтација со Русија, која ја има најмоќната војска на светот, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер.

Објавено на

часот

Сподели

„Русија не се бори само со Украина. Украинските војници ги даваат своите животи во борбата, а оружените сили на таа држава ги обезбедува економската и воената моќ на колективниот Запад. Русија се бори со НАТО, со Соединетите Американски Држави, и Русија победува во таа борба“, оцени Ритер.

Според него, НАТО почнува да сфаќа дека не може да обезбеди победа на оружените сили на Украина, бидејќи не е во состојба да ги одбрани ни сопствените позиции.

„Руската војска е најспремна за борба од сите армии во светот. НАТО не само што не може да ѝ го обезбеди на Украина потребното количество муниција, туку не е во состојба ни да ги покрие сопствените потреби“, заклучи Ритер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ