недела, 20 октомври 2024

Битола одбележува 79 години од ослободувањето од бугарскиот фашистички окупатор

79 – годишнината од одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, беше одбележан со повеќе настани, меѓу кои крводарителска акција, натпревари во мали спортови во градот, со ноќна трка на деца по Широк Сокак, како и со 31. издание на фестивалот Камера 300. Во четиригодишната народноослободителна и антифашистичка војна, околу 270 борци од Битола и битолско ги дале своите животи за слободарска Битола. 

Објавено на

часот

Сподели

Традиционално, се одржа крводарителска акција на која вработените и граѓаните даруваа од најдрагоцената течност, која спасува човечки животи. Одзивот беше голем, а крводарителите и вработените во Одделението за трансфузиологија, кои што денес беа на терен, ги посети градоначалникот Тони Коњановски.

Тој посочи дека хуманоста на граѓаните во Битола е секогаш на завидно ниво, а истовремено од екипата на трансфузиологија, беше информиран за текот на самата крводарителска акција.

с

На отворено, на Плоштадот Магнолија, денес се одржа и Пинг-понг на отворено, во организација на пинг-понг клубот Пелагонија, а во иградата се придружи и самиот градоначалник.

Традиционално, во хотелот Премиер, се одржа и Шаховсиот турнир за слепи лица, на кои што голем дел натпреварувачи ги одмерија силите во шаховските вештини. 

 

Ниту големото невреме кое синоќа ја зафати Битола, не ги спречи околу 800 вљубеници во трчањето, да учествуваат на ноќната атлетска трка по Широк Сокак.

Трката години наназад се одржува како дел од Програмата за одбележување на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола, а се натпреваруваа ученици од 4 до 9 одделение од основните училишта, средношколци и студенти, поделени во машка и женска конкуренција. На трката учествуваа и претставници на одредени компании во градот, како и граѓаните.

д

Претходно беше отворено 31 издание на Интернационалниот  фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300“ во чест на браќата Милтон и Јанаки Манаки, првите сниматели на Балканот.

Годинешното жири соопшти дека во конкуренција на 43 филмови, годинава ќе бидат прикажани 16 во две официјални  проекции.

Највисоката награда гран-при, наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот, е доделена на филмот „Повратникот“, на авторот Диме Талевски.

Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби авторот Илке Ацксталер од Германија, за филмот „Така се започна“.

Наградата „Златната камера 300“ е доделена за филмот „Часовничар “ на група автори од Попово, Бугарија, „Сребрената камера 300“ за филмот „Споменици“ на група автори од Шумен, Бугарија, а „Бронзена камера 300“ на филмовите „Детство“ и „Ехото на тишината“ од авторот Бојан Петровски од Шведска.

Исто така, беа доделени плакети за режија, монтажа, идеја и репортажа, како и специјални награди-плакети.

д

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска заедно со градоначалникот, Тони Коњановски, и претседателот на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, положија цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот Гоце Делчев и на споменикот на револуционерот Стеван Наумов – Стив.

„Како внука на носител на Партизанска споменица, горда сум што оваа Влада не ги заборави и со почит ги ревитализира паметниците кои сведочат за македонскиот отпор. Еден од нив е и во херојско Лавци – Споменикот на паднатите борци. Антифашизмот во Битола и во Битолско е вечен порив и повик. Зашто: „Народ задоен со борбата за слобода никогаш не умира“, истакна министерката Костадиновска – Стојчевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ