На седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа одредени и цените на влезниците за овој натпреварите.
Билети за источната и западната трибина ќе чинат по 300 денари, додека за јужната и северната трибина ќе се продаваат по 400 денари.
Има и билети кои ќе чинат 900 денари, тие се од прва категорија за блокот 15 на северна трибина.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука влезот за натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и Косово (21. март, Т.Ц. „Петар Милошевски“) да биде бесплатен.
Исто така, влезница нема да се наплаќа за натпреварите на женската репрезентација до 19 години за натпреварите против Босна и Херцеговина (23. и 25. март).