сабота, 19 октомври 2024

БиХ: Командувањето со Еуфор го презема Унгарија

Министерот за одбрана на Унгарија Криштоф Шалај Бобровнички потврди дека унгарскиот генерал-мајор Ласло Стиц ќе го преземе управувањето со мисијата на Еуфор во Босна и Херцеговина.

Објавено на

часот

Сподели

„Почнувајќи од јануари 2024 година тој ќе командува со операцијата на Европската Унија во БиХ покажувајќи ја посветеноста на Унгарија на регионалната стабилност“, кажа унгарскиот министер за одбрана.

Според него, искуството на Стиц го прави соодветен за оваа мисија.

Стиц на таа позиција ќе го замени Австриецот, генерал-мајорот Хелмут Хабермаер.

За тоа дека унгарски генерал ќе биде именуван за командант на Еуфор пишуваше уште во јули австрискиот весник Стандард.

Министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез изјави претходно дека се противи на поставувањето Унгарец на чело на Еуфор, поради пријателските односи на унгарскиот премиер Виктор Орбан со претседателот на Република Српска Милорад Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ