понеделник, 21 октомври 2024
Во Брисел започна скринингот на кластерот „Ресурси, земјоделство и кохезија“

Безбедноста на храната, рибарството и земјоделието во фокусот на почетокот на проверката на законите од петтиот кластер

Објавено на

часот

Сподели

„Во текот на овие четири дена од објаснувачкиот скрининг за Кластер 5, експерти на Европската комисија ќе ги презентираат пред делегациите на Северна Македонија и Албанија новите директиви и регулативи од легислативата на ЕУ донесени после 2018 година, а нашата делегација треба да ја посочи временската рамка, во која се очекува земјата да ја усвои и вметне новата легислатива во националното законодавство“, се посочува во соопштението.

Македонија досега го заврши билатералниот и објаснувачки скрининг за четири кластери, или вкупно 26 поглавја и три области. Останува до ноември оваа година да биде комплетиран и билатералниот скрининг за последните два кластери, односно да завршат скрининг состаноците и за преостанатите седум поглавја – кластерите Ресурси, земјоделство и кохезија и Надворешни односи, пишува во соопштението од СЕП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ