Таа додаде дека Македонија би можела да биде „многу, многу брзо на добар пат“.
Кос, која е еврокомесарка од минатата година, истакна дека до крајот на својот мандат би можела да приведе до крајот два до три преговарачки процеси за пристапување.
Меѓутоа, завршувањето на преговорите не значи дека тие земји навистина веднаш би можеле да се придружат на ЕУ. Предуслов за тоа е сите членки на Унијата да се согласат на договорите за пристапување кои ќе ги испреговара Европската Унија и потоа да ги ратификуваат.
Албанскиот премиер Еди Рама беше претпазливо оптимистичен во врска со таа објава.
Црна Гора е официјален кандидат за влез во ЕУ од 2010, Албанија од 2014 година, додека Македонија чека пред вратата на ЕУ од 2005 година.
Кос кажа дека го разбира разочарувањето од долготрајните преговори. „Веќе го забрзуваме процесот, особено со Украина. Во Европската Унија сега работиме два до три пати побрзо, но треба да се разликува техничкиот процес од политичкиот“, истакна таа.
Политички, ниеден важен чекор не може да се спроведе без волјата на државите членки, додаде таа.