„Од Општина Центар по нашето јавување веднаш е излезено на терен, по што повратно сме известени дека опасното место е обезбедено – заградено и е видно обележано, за што испратија и фотографија од местото“, информираат од ЦУК.
Проблемот со отстранување на опасните блокови од терасата што можат да паднат во секој момент, ќе се решава во наредните денови, велат од ЦУК.