петок, 18 октомври 2024

Бесплатни дрва за огрев и брашно за социјалците од Гази Баба

Објавено на

часот

Сподели

Бесплатни дрва за огрев ќе им бидат поделени на триесет семејства, корисници на социјална помош, од општината Гази Баба.
Хуманитарната акција ја организираат Министерството за труд и социјална политика, Црвениот крст на Македонија и општината Гази Баба.
На триесет семејства ќе им бидат поделени по еден кубен метар дрва за огрев, а десет семејства ќе добијат и пакети со прехранбени производи.
Во оваа акција, како што соопштија од општината Гази Баба, со донација се приклучила и фирмата „Жито Лукс“, која за сите семејства обезбедила бесплатно брашно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ