На прес-конференцијата во Владата Груби изјави дека нема ништо незаконско во однос на платите.
„Најмалата плата е на вицепремиерот, а е многу помала од моето претходно работно место, но е согласно законот. Од 2011 година е замрзнат коефициентот. По однос на платите нема ништо незаконски. Добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што ќе значи дополнителни 12 години“, рече Груби.