четврток, 23 јануари 2025
Средба со претсавници на СБ

Бесими: До крајот на годинава оекуваме заем од Светска банка во износ од 100 милиони долари

Економските перформанси на Македонија се позитивни, економијата се покажа поотпорна од очекуваното во првата половина од оваа година, инфлацијата дојде на едноцифрено ниво, буџетските политики се реализираат согласно планираното, продолжува постепената фискална консолидација, а учеството на капиталните расходи од 5 отсто од БДП на годишно ниво ќе имаат значајна улога во генерирање економски раст. Ваквиот заклучок бил изнесен на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со потпретседателката на Светска банка Антонела Басани, извршниот директор на Светска банка Кун Давидсе и директорката на Светската банка за Западен Балкан Шиаочин Ју, која се одржала во Маракеш, Мароко во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ. Министерот најави очекување Македонија да добие заем во износ од 100 милиони долари.

Објавено на

часот

Сподели

„Со Светската банка имаме исклучително значајно партнерство кое одбележа 30 години. Тоа има посебно значење во спроведување на реформите поддржани преку проекти во вредност од 2,8 милијарди американски долари, Значајна е обезбедената поддршка во услови на економска несигурност и негативното влијание од ковид-19 и војната во Украина, како и проектите што се спроведуваат во моментов, а се однесуваат на подобрување на општинската инфраструктура, изградба на патишта, модернизација на земјоделството, енергетската ефикасност, реформи во социјалниот сектор и основното образование“, кажал Бесими.

Тој потенцирал партнерството продолжува и во наредниот период.

„До крајот на годината очекуваме да се заокружи новата петгодишна програма. Веќе се дефинирани проектите коишто ќе бидат опфатени со оваа програма, а ќе значат одржување на реформскиот процес на патот на пристапување кон ЕУ и обезбедување поодржлив, отпорен и зелен раст“, истакнал Бесими.

Дополнително, на средбата било истакнато дека до крајот на годинава се очекува да се одобри и заем за развојни политики од  околу 100 милиони долари, насочен кон поддршка на процесот на реформа на јавната администрација, справување со неформалната економија, како и за поддршка на мерките и активностите предвидени со Планот за забрзан економски раст.

„Ваквата поддршка е поткрепа на нашите напори за фискална консолидација, а значи и потврда на макроекономските политики што ги спроведуваме. Тоа ќе ѝ помогне на земјата да изгради поотпорна економија и да обезбеди позелен развој“, оценил Бесими.

На средбите присуствувала и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Министерот Бесими во Маракеш, во рамки на Годишните средби остварил средби и со високи претставници на ММФ, а се очекува да се сретне и со претставници на Банката на Америка, Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација  – ИФЦ и Меѓународната развојна агенција  – ИДА.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ