недела, 20 октомври 2024

Берлин дозволи украински знамиња на прославата на годишнината од завршувањето на Втората светска војна

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата ги забрани и украинското и руското знаме за време на прославата која ќе се одржи на 8 мај, на годишнината од капитулацијата на нацистичка Германија во 1945 година, а и на 9 мај, на денот на завршувањето на војната за поранешниот Советски Сојуз, за да се овозможи „свеченоста на сеќавањето и почитувањето на тие споменици да се зачуваат од влијанието на војната во Украина“.

Но една украинска организација ја критикуваше одлуката на полицијата да не се дозволи знамето на Украина. здружението Витше порача дека смета дека признанието на украинските жртви во процесот на победата над нацизмот не претставува опасност по јавниот ред и мир.

Што се однесува до руското знаме, полицијата едноставно соопшти дека засега никој на суд не ја оспорил нивната забрана и дека не може да прејудицира што ќе се случува до 8 мај.

Според статистичките податоци, во Германија живеат околу четири милиони граѓани „со руска јазична позадина“, од кои 100.000 во Берлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ