сабота, 26 октомври 2024
Французинот има нерасчистени сметки со „граѓаните“

Бенжамин Менди го тужи Манчестер Сити, си бара неисплатени плати во износ од 10 милиони!

Бенжамин Менди поднел тужба против Манчестер Сити, левиот бек си ги бара неисплатените плати од септември 2021 година, или околу 10 милиони фунти.

Објавено на

часот

Сподели

Бенжамин Менди стана најскапиот дефанзивец во Премиерлигата кога Манчестер Сити на Монако му плати околу 53 милиони фунти во 2017 година.

Но неговата авантура на „Етихад“ се претвори во пекол кога во август 2021 година беше обвинет за силување и сексуален напад, и неколку месеци беше зад решетки.

По долг процес, во јули оваа година, Французинот беше прогласен за невин по сите обвинувања и стави крај на кошмарот.

Кратко потоа тој потпиша за Лориен, но има нерасчистени сметки со Манчестер Сити. Бенжамин Менди ги тужи „граѓаните“ и си бара неисплатени плати, клубот од Етихад му нема исплатено ниту една фунта од септември 2021 година.

Се шпекулира дека тој сега бара помеѓу 9 и 10 милиони фунти од Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ