петок, 21 февруари 2025

Белингем доби само два натпревари суспензија, но Реал веднаш најави жалба

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија денеска соопшти дека Џуд Белингем добил два натпревари суспензија за црвениот картон против Осасуна.

Објавено на

часот

Сподели

Џуд Белингем куртули од голема казна, но и покрај тоа Реал Мадрид ќе достави жалба.

Англичанецот доби црвен картон против Осасуна, а судијата Мунуера Монтеро во записникот напиша дека фудбалерот од средниот ред бил исклучен поради употреба на зборовите „Е*и се“.

Се говореше дека Џуд Белингем може да добие суспензија од 4 до 12 натпревари, но Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Шпанија му изрече само два натпревари суспензија.

Тие сметале дека зборовите кои ги кажал Џуд Белингем бил презир или негирање, а не навреда, па затоа се решиле за ваква санкција.

Но и покрај ваквиот исход, Реал Мадрид ќе достави жалба, „кралевите“ и понатаму ќе инсистираат дека Џуд Белингем бил погрешно разбран и не кажал „Е*и се“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ