За необврзувачката резолуција гласаа 84 од 193 земји-членки на ОН, 19 беа против, 68 беа воздржани, најмногу со образложение дека нема нужен консензус.
Резолуцијата за геноцидот во Сребреница ја предложија Германија и Руанда, нејзини спонзори се околу четириесет земји.
Освен Србија, против беа Русија, Кина и Унгарија и некои африкански и азиски земји, Куба, Никарагва, Венецуела и Азербејџан.
Поголемиот дел од српските медиуми остро реагираа на донесувањето на резолуцијата, некои граѓани својот протест го изразија со колона автомобили украсени со српски знамиња, кои тргнаа од Белградскиот саем кон Нов Белград преку мостот Ада.