Според документот потпишан од Џошуа Фишер, директорот на кабинетот за администрација во Белата куќа, Маск може само да го советува претседателот и да ги пренесува претседателските директиви. „Како и сите други виши советници на Белата куќа, господинот Маск нема реални или формални областувања самиот да носи владини одлуки“, се наведува.
Коалицијата сојузни американски држави предводени од демократите поднесе тужба, нарекувајќи го Маск „агент на хаосот“ во федералната влада на кој му се дадени големи овластувања „без соодветно законско овластување од Конгресот и без значителен надзор над неговите активности“.
ДОГЕ презема опсежни мерки за намалување на сојузните агенции, а Трамп минатата недела одржа заедничка конференција за работата на тој оддел. „Маск е успешен тип и затоа сакаме тој тоа да го работи“, порача во таа прилика Трамп.
Фишер напомена дека Маск не е администратор ниту вработен на ДОГЕ, што е во спротивност со претходните изјави на Трамп.
„Драго ми е да објавам дека големиот Илон Маск, работејќи заедно со патриотот Вивелк Рамасвами, ќе го води Одделот за владина ефикасност“, порача Трамп во декември. Од тогаш, и по заминувањето на Рамасвами од ДОГЕ, Трамп редовно го спомнува Маск како шеф на одделот.