четврток, 13 февруари 2025

Белата куќа ги обвини судиите за злоупотреба на моќта зашто ги блокираат одлуките на Трамп

Белата куќа синоќа ги обвини судиите за „злоупотреба на нивните позиции и попречување на волјата на народот“, бидејќи блокираа некои одлуки на претседателот Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Веруваме дека судиите се однесуваат повеќе како судски активисти отколку како чесни арбитри на законот“, рече портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит.

„Мало потсетување до левичарските судии што ги поддржуваат овие обиди: 77 милиони Американци гласаа да го изберат овој претседател и секоја забрана е злоупотреба на моќта и обид да се попречи волјата на народот“, додаде таа.

Според неа, Белата куќа ќе продолжи „да го користи секој правен лек за на крајот да ги поништи овие екстремистички забрани“.

Трамп веќе ги осуди „мошне политизираните судии“.

„Сакаме да ја искорениме корупцијата и тешко е да се поверува дека некој судија може да каже дека не сака нешто да се направи“, рече Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ