недела, 20 октомври 2024

Белата куќа ги критикуваше Маск и Икс, а потоа за Бајден и Харис отвори профили на Тредс

Вчера, Белата куќа се приклучи на платформата за социјални медиуми Тредс на Мета, конкурент на платформата за социјални медиуми Икс на Илон Маск.

Објавено на

часот

Сподели

Потег, за кој Белата куќа вели дека е во процес веќе неколку недели, доаѓа само неколку дена откако Белата куќа и други го критикуваа Маск за ширење и одобрување антисемитски објави.

Големи медиумски компании, вклучувајќи ги Комкаст, Волт Дизни и Ворнер Брос објавија дека ги паузирале рекламите на Икс, порано познат како Твитер.

Социјалната мрежа Икс вчера ја тужеше групата за надзор на медиумите Медиа метерс за клевета, откако таа објавила извештај во кој се тврди дека на платформата се појавуваат реклами за големи брендови покрај објави кои промовираат нацизам.

Белата куќа отвори свој официјален профил, како и профили за претседателот, првата дама, потпретседателката и нејзиниот сопруг. Покрај тоа, портпаролот на кампањата за реизбор на претседателот Џо Бајден изјави за Си-ен-ен дека претседателот, како и потпретседателката Камала Харис, исто така ќе отворат лични профил на Тредс.

Портпаролката на Белата куќа, Робин Патерсон, рече дека причината на овој потег е тоа што тие се „посветени да ги среќаваат луѓето таму каде што се“.

Одлуката на Белата куќа да се приклучи на Тредс ѝ дава дополнителен кредибилитет на платформата, контролирана од основачот на Фејсбук, Марк Закерберг. Тоа, исто така доаѓа кога некои клучни јавни личности велат дека целосно се префрлаат од Икс на Тредс, наведувајќи го однесувањето на Маск како поттик за овој потег.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ