петок, 25 октомври 2024
Се барал со потерница

Бегалец осуден на 15 години затвор за тешки кражби е фатен и спроведен во затвор

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, го лишиле од слободa Е.Л. (32) од Скопје, кој бил осуден на казна затвор од 15 години за  сторени кривични дело по член  236, член 242 и член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

При лишувањето кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела материја.

Лицето, како што информираат од МВР, било спроведено во Казнено – поправната установа затвор „Идизово“ за доиздржување на четири години и два месеци од казната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ