петок, 21 февруари 2025

Бебе родено на лет од Дакар за Брисел: Се надеваме дека повторно ќе леташ со нас (ФОТО)

На летот на Бриселс ерлајнс од Дакар главниот град на Сенегал за Брисел, патничка пред неколку дена родила девојче, соопштија од авиокомпанијата.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Жената, која била во 32-та недела од бременоста, набргу по полетувањето почувствувала силна болка во долниот дел на стомакот и побарала помош од екипажот во кабината. За среќа меѓу патниците имало лекар и медицинска сестра кои ѝ помогнале на патничката.

„Мојата прва мисла беше: О, таа нема да се породи во авион“, изјави медицинската сестра за весникот Бриселс морнинг.

Пилотот го свртел авионот, но набргу на патничката ѝ пукнал водењакот и почнало породувањето. „За среќа, се помина без проблеми. Жената беше добро. Таа се породи во авион без лекови против болки“, додала медицинската сестра. Се роди девојче по име Фанта.

Авиокомпанијата на социјалните мрежи објави фотографија од среќна стјуардеса со новороденче во рацете, а мајката на девојчето лежи до неа. „Добредојдовте во светот, малечка Фанта! Се надеваме дека еден ден повторно ќе леташ со нас“, пишува под фотографијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ