понеделник, 10 февруари 2025

Барселона со убедлива победа над Севиља се враќа од Андалузија (ВИДЕО)

Барселона го искористи ремито на мадридските ривали Реал и Атлетико, Каталонците со 4-1 победија на гостувањето кај Севиља и се доближија до врвот.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона поведе уште во седмата минута со гол на Роберт Левандовски.

Но гостите уште се радуваа на голот кога стигна израмнувањето, веќе во следната минута Варгас изедначи на 1-1.

На почетокот од второто полувреме во игра влезе Лопез на кого му требаа само неколку секунди за да даде гол и да го врати водството на Барселона.

Во 55. минута Рафиња постигна убав гол од далечина и го зголеми водството на Барса на 3-1.

Само пет минути подоцна Лопез заработи црвен картон, Барселона остана со фудбалер помалку.

Севиља напаѓаше за да се врати во игра, но наместо тие, Барса даде уште еден гол. Гарсија погоди во 89. минута за конечна победа од 4-1.

По 23 одиграни натпревари Реал е прв со 50 бодови, Атлетико има 49, а Барселона 48.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ