среда, 26 февруари 2025

Барселона и Атлетико одиграа лудо реми со осум голови (ВИДЕО)

Првиот полуфинален меч од Купот на Шпанија меѓу Барселона и Атлетико Мадрид заврши без победник 4-4, патникот во финалето ќе се решава на Ванда Метрополитано.

Објавено на

часот

Сподели

Атлетико Мадрид имаше фуриозен старт на мечот, поведе со гол на Алварез по само неколку секунди игра.

Пет минути подоцна нов шок за Барселона, Гризман даде гол за предност на Атлетико од 2-0.

Но, до крајот на првото полувреме Барселона направи комплетен пресврт, а головите ги постигнаа Педри, Кубарси и Мартинез.

Барса изгледаше одлично, а Левандовски во 74. минута даде гол за 4-2.

Се чинеше дека Барселона е поблиску до петти гол отоколку Атлетико до втор, но гостите не се предадоа.

Љоренте во 84. минута намали на 4-3, а Сорлот во третата минута од судиското продолжение израмни на 4-4.

Реваншот во Мадрид е за три недели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ