Лекарските тестови ги потврдија црните сценарија, повредата која Гави ја заработи синоќа е сериозна.
Барселона попладнево соопшто дека младиот фудбалер целосно ги искинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, оштетен е и менискусот.
Шпанецот во следните денови ќе замине под нож и се очекува „каталонците“ тогаш да соопштат колку време Гави ќе биде надвор од стројот.
Вообичаено за ваква повреда се потребни околу 8 месеци за опоравување, тоа значи дека сезоната за Гави е завршена, а тој ќе го пропушти и Европското првенство.