недела, 20 октомври 2024

Барса ја „прегази“ Севиља со 5-1, Гави се врати по 335 дена пауза (ВИДЕО)

Барселона со убедливи 5-1 славеше против Севиља, младиот Гави се врати на терените по 335 дена пауза.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона останува на врвот во Ла Лига во пресрет на пресметката против Реал Мадрид во следното коло, избраниците на Ханси Флик вечерва ја „прегазија“ Севиља и славеа со убедливи 5-1.

Во првото полувреме, Роберт Левандовски постигна два гола, Педри еднаш стрелаше прецизно за предност од 3-0 на пауза. Во завршницата од мечот, Торе исто така два пати ја тресеше мрежата на гостите, кои пак преку Идумбо стигнаа само до почесен гол.

Добра вест за „каталонците“ е тоа што младиот Гави се врати на терените по 335 дена пауза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ