понеделник, 21 октомври 2024

Барикади и димни бомби во албанскиот парламент, избувна пожар (ВИДЕО)

Седница на албанскиот парламент заврши по само пет минути откако започна, бидејќи пратениците од опозицијата активираа димни бомби откако мнозинството го изгласа буџетот за следната година. Пратениците од опозицијата направија и барикади од столици, пишува Еј-би-си њуз на албански јазик.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот премиер и лидер на една од струите на опозициската Демократска партија, Сали Бериша се обиде да се пробие до говорницата. Тогаш се вклучи пратеникот Газмент Барди кој ги предупреди припадниците од обезбедувањето да не го туркаат Бериша. „Сè претворивте во полициска држава. Што ќе ви е сето ова, зошто практикувате строгост, кој сте вие?“ ги праша.

Инаку, денеска премиерот Еди Рама по неколку отсуства пристигна во парламентот за да учествува на седницата за новиот буџет. Пред да дојде Рама во парламентот, Бериша го критикуваше на Фејсбук исто како и претседателката на парламентот Линдита Никола.

„Тој (Рама) се уплаши, дојде придружуван од колона автомобили. Ние ги браниме нашите уставни права, правата на опозицијата, додека власта ги штити крадците. Линдита го искористува Рама и се однесува како личност без достоинство,“ порача тој. Потпретседателот на Собранието Агрон Ѓекмаркај изјави дека денешната седница била „ненормална“ бидејќи опозицијата не учествувала, пренесува Албаниан пост.

„Не го претворајте парламентот во затвор. Ова не е место само за мнозинството, додека опозицијата треба да остане надвор. Сите имаат еднакви права. Ова е вистински скандал, имате одговорност. Вакви работи се случуваат во авторитарни земји каде опозицијата е опкружена со обезбедувањето. Таков парламент не е нормален“, посочи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ