Македонија против Англија прими гол од корнер, тоа се случуваше и на гостувањето кај Италија. Барди вели дека примањето голови од прекини е слабата точка на нашата репрезентација на која во иднина треба да се работи.
„Ова беше последен меч за 2023. Работевме многу добро, пред натпреварот рековме дека цела година работиме да ги поправиме нашите грешки, карактерот, менталитетот… мислам дека заслуживме бод. Пак примивме гол од корнер, мислам дека ова ни е слаба точка на која треба да работиме уште повеќе и да не примаме вакви голови“, смета Барди.
„Бодот ни значи многу, против силна репрезентација освоивме бод. Ќе се подготвиме за следните циклуси кои доаѓаат. Мислам дека оваа генерација многупати покажа дека вреди и дека треба да се почитува многу повеќе“.