среда, 5 февруари 2025

Бајден размислува да ги помилува противниците на Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за превентивно помилување за истакнатите критичари на Доналд Трамп за да ги „заштити од можни репресалии или гонење“ откако тој ќе ја напушти функцијата, пишува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден размислува за помилување бидејќи Трамп претходно вети дека ќе им се одмазди на оние што му се спротивставија.

Си-би-ес објави дека иако Бајден, наводно, разговарал за можноста за помилување со високи функционери во Белата куќа – не му биле официјално препорачани конкретни имиња.

Извори за АФП рекле дека официјалните лица разгледуваат и каква порака би испратило помилувањето луѓе што не извршиле злосторства.

Одлуката на Бајден да го помилува својот син Хантер Бајден предизвика контроверзии. Тој чекаше пресуда за случаи на недозволено поседување огнено оружје, лажни изјави при контрола на оружјето, за што претходно бил прогласен за виновен, како и за даночно затајување, што и самиот го призна.

Републиканците и некои демократи го критикуваа потегот, особено затоа што Бајден претходно изјави дека нема да го стори тоа.

Американските медиуми пренесуваат дека на списокот на оние што би можеле да бидат помилувани превентивно е и д-р Ентони Фаучи, кој го критикуваше одговорот на Трамп на ковид, како и новоизбраниот сенатор од Калифорнија, Адам Шиф, кој го предводеше првиот обид за отповикување на Трамп.

Тие, наводно, вклучуваат демократи што, како Шиф, играле улога во случаите на отповикување на Трамп или кои го истражувале нападот во Капитол во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ