понеделник, 21 октомври 2024

Бајден побара од Нетанјаху да се согласи на тридневна пауза во војната

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во воените дејствија, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Објавено на

часот

Сподели

Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнителна проверка на идентитетот на сите заложници и обезбедувањето комплетен список со имиња, иако за време на разговорот израелскиот премиер истакна дека „не му верува на Хамас, кој не е подготвен за договор“.

Исто така разговор се водеше и меѓу израелскиот претседател Исак Херцог и американската потпретседателка Камала Харис, која ја истакна „важноста од заштита на животите на цивилите“ и „почитувањето на меѓународното хуманитарно право“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ