понеделник, 21 октомври 2024

Бајден побара од Конгресот да ѝ продаде Ф-16 на Турција без одлагање

Американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до лидерите на клучните комитети на Капитол Хил во средата во кое ги информира за својата намера да започне формален процес за продажба на авиони Ф-16 на Локхид Мартин на Турција откако Анкара ќе го заврши процесот за пристапување на Шведска во НАТО, објави Ројтерс во четвртокот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во писмото до највисоките републикански и демократски претставници во Комитетот за надворешни работи на Сенатот и Претставничкиот дом, Бајден побара продажбата да биде одобрена „без одлагање“, рече американски функционер.

Белата куќа испрати писмо до членовите на Конгресот во средата во кое бара одобрение за продажба на авиони Ф-16 и опрема за модернизација на Турција, изјавија за Ројтерс четири извори запознаени со писмото.

Турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за членство во НАТО во вторникот, отстранувајќи ја големата пречка за проширување на западната воена алијанса по 20-месечно одложување.

Одложувањето на Турција во одобрувањето на ратификацијата беше главна пречка за добивање одобрение од Конгресот за договорот за борбени авиони. Пратениците рекоа дека чекаат одобрение од Турција за членството на Шведска во НАТО, вклучително и потписот на претседателот Таип Ердоган, пред да одлучат дали да ја одобрат продажбата.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар.

Американскиот Стејт департмент исто така во средата ја повика Анкара официјално да ја финализира шведската ратификација за членство во НАТО. За да го направи тоа, Ердоган треба да го потпише законот, кој потоа ќе биде објавен во турскиот службен весник. Документот за пристапување на Шведска треба да биде испратен и до Вашингтон.

Стејт департментот одби да обезбеди точна временска рамка за формалниот процес на известување за продажбата на Ф-16.

„Претседателот Бајден и (државниот) секретар (Антони) Блинкен многу јасно ја кажаа нашата поддршка за модернизација на турската флота Ф-16, која ја гледаме како клучна инвестиција во интероперабилноста на НАТО. Но, надвор од тоа… едноставно нема да потврдам или да избрзам со предложените одбранбени продажби или трансфери се додека не биде официјално известен Конгресот“, рече заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател на брифинг со новинарите.

Во октомври 2021 година, Турција побара купување на ловци Ф-16 на Локхид Мартин и речиси 80 комплети за модернизирање на своите постоечки борбени авиони во износ од 20 милијарди долари.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Додека Финска стана членка на алијансата минатата година, кандидатурата на Шведска беше блокирана од Турција и Унгарија.

Сите членки на НАТО мора да ги одобрат барањата на земјите кои сакаат да се приклучат на алијансата. Кога Шведска и Финска побараа да се приклучат на НАТО, Турција се спротивстави на тоа бидејќи, како што рече, двете земји обезбедуваат засолниште за милитанти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ