среда, 23 октомври 2024

Бајден: Коментарите на Трамп за НАТО се „идиотски и опасни“

Американскиот претседател Џо Бајден остро ги критикуваше неодамнешните изјави за НАТО на својот републикански ривал Доналд Трамп, нарекувајќи ги „идиотски, опасни“ и „неамерикански“.

Фот ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бајден остро го критикуваше Трамп за коментарот што го даде минатиот викенд, доведувајќи ја во прашање волјата на САД да им дадат поддршка на земјите-членки на НАТО во случај да бидат нападнати.

Во саботата Трамп тврдеше дека ќе ја „охрабри“ Русија да ги нападне сојузничките земји доколку тие не го платат својот дел од обврските, а неговите изјави предизвикаа бес во Европа.

„Тие се идиотски, недостојни, опасни и неамерикански“, рече американскиот претседател во говорот во Белата куќа. „Најлошото е што тој го мисли тоа. Никогаш во нашата историја претседател не му се поклонил на руски диктатор“, додаде Бајден, пренесе Ројтерс.

„Кога Америка ќе даде збор, тоа значи нешто. Кога се обврзуваме на нешто, се држиме до тоа, а НАТО е света заложба. Доналд Трамп го гледа тоа како товар. Тој мисли дека (НАТО) е систем за рекетирање. Тој не разбира дека НАТО се заснова на основните принципи на слобода, безбедност и суверенитет“, продолжи тој.

За Трамп, додаде Бајден, принципите не значат ништо, за него сè е стока со која може да се тргува. „Тој не разбира дека оваа света заложба важи и за нас“, рече 81-годишниот демократ кој, доколку нема поголеми изненадувања, ќе се натпреварува со 77-годишниот републикански магнат на претседателските избори во ноември.

„Нашите противници долго време се обидуваат да создадат раскол во алијансата. Најголемата надеж на сите оние кои сакаат да ѝ наштетат на Америка е НАТО да се распадне. Можете да бидете сигурни дека тие аплаудираа слушајќи го Доналд Трамп“, рече Бајден, кој се пофали дека вдахнал нов елан во организацијата.

Трамп редовно им се жали на сојузниците во НАТО дека не се држат до своите обврски во однос на воените трошоци.

Околу дваесет земји на НАТО од оваа година ќе ја постигнат целта за издвојување во одбраната во износ од 2 отсто од БДП, се дозна во вторникот од извор близок до Алијансата, неколку дена по критиките на Трамп кон земјите кои не го плаќаат својот дел од обврските.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ