Ова е прв разговор меѓу двајцата лидери по повеќе од две недели, вели Ројтерс.
Портпаролот на Белата куќа изјави дека деталите од разговорите ќе бидат објавени наскоро, но не даде дополнителни информации.
Пред разговорите, извор од САД што е запознаен со ситуацијата рече дека двајцата лидери ќе разговараат за потенцијално примирје во Појасот Газа, со цел да се ослободат заложниците.
Двајцата лидери последен пат разговараа на 13 април, откако Иран изврши ракетни и беспилотни напади врз Израел.