Бајден го направи лапсусот додека раскажуваше за настаните од состанокот на Г7 одржан во 2020 година, веднаш по победата на изборите. Изјавувајќи дека една од првите работи што ги истакнал на тој состанок е дека „Америка се врати“, за што Бајден рече дека предизвикало одговор од „Митеран од Германија“, а потоа се поправи и кажа „од Франција“, наведе Хил.
Порталот потсетува дека Бајден го критикуваше поранешниот претседател Доналд Трамп за неговите неодамнешни коментари за „труење на крвта“, што Трамп го искористи за да го опише начинот на кој имигрантите влијаат врз Соединетите Држави. Бајден, исто така, му се потсмеваше на Трамп затоа што претходниот месец ја помеша својата ривалка за републиканската претседателска номинација, Ники Хејли, со поранешната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.
„Не се согласувам со Ники Хејли за сè, но се согласуваме за ова: таа не е Ненси Пелоси“, напиша Бајден на мрежата Икс.
Бајден се соочува со постојани критики поради својата возраст и неговата способност да се кандидира за втор мандат е доведена во прашање, пишува порталот, истакнувајќи дека неколку политички противници на Бајден и некои гласачи ги искористиле очигледните забуни и лапсуси на Бајден за дополнително да ги зајакнат своите аргументи дека тој е премногу стар или неподобен за претседател.
Бајден (81) е најстариот претседател во американската историја, а доколку биде реизбран во ноември, на крајот од вториот мандат ќе има 87 години.