петок, 18 октомври 2024

Бабата на убиениот француски тинејџер повика на смирување: Не сакаме да се уништуваат продавници, автобуси и училишта

Објавено на

часот

Сподели

„Не сакаме да уништуваат продавници, автобуси и училишта“, кажа бабата на тинејџерот Надја за телевизијата БФМ, а пренесува Би-би-си.

„Го користат Нахел како изговор. Сакаме ситуацијата да се смири“, кажа таа.

„Срцето ме боли“, кажа таа за парите донирани за полицаецот кој е уапсен откако во вторникот го уби нејзиниот внук.

Но вели дека верува дека полицаецот ќе биде казнет како и сите останати.

„Уморна сум. Готово е, моето дете повеќе нема живот“, кажала Надја.

Додека повикува на смирување и прекин на немирите, таа додава: „Не ги уништувајте училиштата, не ги уништувајте автобусите. Други мајки се возат со овие автобуси“.

Таа кажала дека „им замерува“ на мажите што го сопреле и убиле нејзиниот внук, но тоа не значи дека ги мрази сите останати полицајци.

„За среќа, тие се тука“, вели таа, истакнувајќи дека „сè уште верува во правдата“.

Во Франција од вторникот беснеат насилство, уништување и судири на граѓаните со властите по смртта на тинејџерот со арапско потекло кого за време на сообраќајна контрола го убил полицаец бидејќи одбил да сопре.

Нахел, 17-годишник од татко Алжирец и мајка Мароканка, го убил полицаец во париското предградие Нантер.

Предизвикани се голем број пожари, систематски се уништуваат и ограбуваат продавници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ