понеделник, 21 октомври 2024
Изјава на претседателот на Стопанската комора

Азески: Ревизија на договорот со Бехтел и Енка само ако е во интерес на бизнисот

Бехтел и Енка се нови членки на Стопанската комора, тие од нас побараа помош за нова работна сила, а изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ревизија на договорот со компанијата ќе ја поддржиме само ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, а ако не е, бараме да остане она што е, изјави претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.

Објавено на

часот

Сподели

„Претствниците на Бехтел и Енка беа тука да се зачленат. Разговаравме. Во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4.000 работници и стручно лица, тие ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат. Во нашето соопштение тоа беше прецизно истакнато. Тоа значи дека имаат дел работници, дел треба да обезбедат. Имаат време до тогаш кога ќе бе пикот на работите и мислам дека тоа е само една најава. Што се однесува до изјавата на Мицкоски дека ќе има ревизија на договорот, се надевам дека таа е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада. И, ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа. Ако не, бараме да се остане на она што е“, истакна Азески како коментар на изјавата на идниот мандатар и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кој рече дека за договорот со Бехтел и Енка има две опции, да се раскине или да се репреговара.

Секој што ќе дојде, како што рече Азески, ќе биде соодветно пречекан во Комората.

„Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци“, рече Азески.

Во врска пак, со вчерашната најава на Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно.

„Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Но тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега не обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане“, подвлече Азески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ