Уривањето пренесувано на телевизија, како со огромни метални канџи се уништува зградата, демонстративно го нагласува повторното воспоставување на азербејџанската контрола откако нивните сили го вратија Карабах минатата година кога побегнаа повеќе од 100.000 етнички Ерменци.
Државните медиуми на Азербејџан објавија дека зградата на парламентот, заедно со соседната зграда во која било сместено Здружението на ерменските воени ветерани, е урната затоа што била незаконски изградена.
#Azerbaijan‘s state media shows more footage of #NagornoKarabakh‘s Parliament building being demolished, as well as several others in the vicinity. https://t.co/iSFAO1NYWf pic.twitter.com/eDOhQA2I4S
— Nagorno Karabakh Observer (@NKobserver) March 5, 2024
Ерменија го обвини Азербејџан за етничко чистење – обвинение што Баку го отфрла, инсистирајќи на тоа дека Ерменците од енклавата се добредојдени да останат на територијата.
Ерменците од Карабах велат дека масовно заминуваат бидејќи не се чувствуваат безбедно во Азербејџан. Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев одржа воена парада во ноември на централниот плоштад во главниот град во близина на зградата на парламентот и беше снимен како гази на сепаратистичкото знаме на ерменскиот Карабах.
Ерменците го обвинија Азербејџан за уништување на нивното културно наследство во областите под контрола на Баку, што Азербејџан го негира.