Возачот, кој не бил веднаш идентификуван, бил пронајден мртов во возилото по несреќата околу 22:30 часот по локално време на надворешната врата на периметарот на Белата куќа, се наведува во соопштение на американската тајна служба.
🚨#BREAKING: A vehicle has crashed into the White House security barricade entrance resulting in a fatality
📌#Washington | #DC
Currently, the Secret Service, along with other law enforcement authorities have responded to a scene in Washington D.C., near the White House,… pic.twitter.com/5JAS36Vg1Q
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) May 5, 2024
Полицијата објави дека возилото удрило во безбедносна бариера на крстосница н 15 улица и авенијата Пенсилванија. Обезбедувањето на лице место го извлекло возачот од возилото и се обиделе да му пружат помош, но не успеале да го спасат.
Тајната служба истакна дека биле спроведени сите безбедносни протоколи, но дека настанот не претставувал закана за Белата куќа. Инцидентот заедно ќе го истражуваат тајната служба и локалната полиција.