Сегашните батерии може да бидат само 40 отсто рециклирани. И тие ќе се користат во прозводството, заедно со новите суровини, како што се отпадот од рудниците или силициумот од сончевите панели.
Главната цел е еколошки одржливо производство. Маркус Јан, раководител на одделот за истражување за батериите при АИТ, ја истакна важноста од намалување на употребата на вода, електрична енергија и гас во производниот процес за батерии. Покрај тоа, се истражуваат различни видови батерии што би можеле да најдат примена кај возила, електрични скутери и други направи и области.
Засега, конкретните резултати од истражувањето и развојот сѐ уште се нејасни, но едно е сигурно – АИТ и неговите партнери го отворија патот кон „зелените батерии“, сметаат познавачите. Ова е само почеток на она што се нарекува одржлива иднина, каде технологијата служи како двигател на промените за поеколошка утрешнина.