петок, 7 февруари 2025

Австралиски пратеник го смени името во Ози Трамп (Австралиски Трамп)

Пратеник на австралиска сојузна држава го смени своето име во Ози Трамп во, како што кажа, знак на протест против владејачката Лабуристичка партија од левиот центар. Ози Трамп, претходно познат како Бен Докинс, е независен пратеник во горниот дом на парламентот на Западна Австралија, каде лабуристите исто така имаат мнозинство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Почнав политички протест против тиранијата и системската корупција на лабуристичката влада“, напиша тој синоќа на социјалната мрежа Икс, потпишувајќи се како Ози. „Гласајте против лабуристите!“, порача во друг пост, додавајќи „Дупчи, бејби, дупчи“, повторувајќи го изразот на американскиот претседател Доналд Трамп со кој го најави засиленото вадење нафта и гас во САД.

Името на пратеникот и на интернет страницата на парламентот е ажурирано во Остин (Ози) Летс Трамп. Тој објави фотографија на Икс на која се гледа правната потврда на промената на името од државниот регистар на родените, починатите и венчаните. Инаку, Бен Докинс е исфрлен од Лабуристичката партија во 2023 поради повеќекратни наводни кршења на забрана за приближување поради семејно насилство.

„Со тој ова само бара внимание“, кажа премиерот на Западна Австралија Роџер Кук, кој ги предводи лабуристите во државата, за промената на името. „Не сум сигурен колку пониско може да се спушти“.

Лабуристите следниот месец имаат локално гласање во Западна Австралија, пред целата земја да гласа на избори кои мора да се одржат до мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ