среда, 12 февруари 2025

Австралиски медицински работници на видео се фалат дека убиваат израелски пациенти (ВИДЕО)

Одделот за здравство на Нов Јужен Велс во Австралија повика полиција и започна итна истрага откако на социјалните мрежи се појави снимка на која се гледаат двајца медицински работници од болницата Банкстаун како се фалат дека убиваат и одбиваат да лекуваат израелски пациенти, дознава Сиднеј морнинг хералд.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Австралискиот премиер Крис Минс изјави претходно дека лицата се идентификувани и суспендирани од должност во очекување на целосна истрага.

Министерот за здравство на Нов Јужен Велс Рајан Парк рече дека е згрозен од снимката, која стана вирална на социјалните мрежи, додека заменик-министерот за надворешни работи на Израел повика на отпуштање на мажот и жената што се појавуваат на видеото. „Овие коментари се одвратни, дехуманизирачки и неприфатливи“, рече Парк.

Парк додаде дека коментарите од видеото не ги одразуваат вредностите на заедницата на Нов Јужен Велс. „Побарав од Министерството за здравство на Нов Јужен Велс итно да започне истрага за да се идентификуваат овие лица, а случајот е пријавен и во полиција“, рече Парк, додавајќи: „Ако истрагата го потврди ваквото однесување, овие лица повеќе нема да работат во Одделот за здравство на Нов Јужен Велс“.

Израелскиот инфлуенсер Макс Вејфер објави видео на Инстаграм и Тикток во кое разговара со маж и жена. На прашањето што би се случило доколку израелски пациент дојде во болница, жената изјави дека ќе го убие пациентот: „Не би го лекувала, би го убила. Еден ден ќе дојде вашето време и ќе умрете на најстрашниот начин“.

„Немате поим колку [Израелци] дојдоа во оваа болница, а јас ги испратив во Џeхенем“, додаде човекот. Џeхенем е исламски еквивалент на подземјето.

Сиднеј морнинг хералд не можеше самостојно да ја потврди автентичноста на видеото. Вејфер и полицијата на Нов Јужен Велс се контактирани за коментар.

Израелската заменик-министерка за надворешни работи Шарен Хаскел рече дека треба да се спроведе истрага: „Треба да има итна истрага за овие двајца австралиски медицински работници кои рекоа дека ќе убиваат израелски пациенти – и сугерираа дека веќе го сториле тоа. Тие изразуваат криминална намера против Евреите, ова мора да се запре“.

Хаскел, кој претходно работела како ветеринар во Австралија, се осврна на антисемитизмот во земјата: „Антисемитизмот е болест што се шири низ Австралија. Ова однесување мора да биде санкционирано со најстроги законски казни, а најмалку што треба да се направи е да се отпуштат од работа. Тие зборуваат за убивање Евреи, што јасно го покажува вистинскиот расизам и омраза што моментално ги доживува австралиската еврејска заедница“.

Извршниот директор на Советот на австралиските Евреи Алекс Ривчин рече дека видеото е вознемирувачко за гледање. „Нивната бесчувствителна, радосна омраза е увертира за насилството што сега го доживуваме во нашата земја и мора да се искорени“, рече тој.

„Овие двајца медицински работници вработени во Одделот за здравство на Нов Јужен Велс мора да бидат идентификувани и веднаш отстранети од секоја ситуација во која би можеле да ги исполнат своите закани и зли намери“, додаде тој.

Претседателот на Еврејскиот комитет на Нов Јужен Велс, Дејвид Осип, рече дека доколку се открие дека луѓето од видеото се вработени во здравствениот систем на Нов Јужен Велс, веднаш треба да бидат отпуштени. „Ужасно е што некој мисли дека може толку лесно да изрази таква омраза додека носи медицинска облека Одделот за здравство на Нов Јужен Велс“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ